Бистар ум и беспрекорен стил – Нина Сеничар е модна икона на новата генерација

8 ноември 2017

Поранешната Мис на Србија (2001 година), Нина Сеничар, периодов е актуелна како водителка на балканското Тв шоу „Твоето лице звучи познато" каде ја гледаме во беспрекорни стилски изданија.

Тоа нѐ поттикна детално да го разгледаме нејзиниот професионален профил и нејзиното созревање пред аудиториумот, со оглед на тоа дека е јавна личност уште од рана возраст.

Покрај тоа што изгледа совршено, многупати во медиумите ќе прочитате коментари дека зад таа блескава убавина на 31-годишната манекенка се крие бистар ум.

Нејзината кариера како модел и актерка, прогресира уште од 2001 година кога е прогласена за Мис на Србија, а претходно со само 14 години започнала аматерски да се занимава со актерство.

Во 2007 година се преселила во Италија. Успеала да добие целосна стипендија и да дипломира економија на Универзитетот Бокони во Милано. Паралелно работи и како модел и тв водителка.
Сеничар е познат лик и во италијанскиот тв шоу бизнис, а се појавила и во бројни едиторијали за престижни магазини.

Била и во кратка љубовна врска со италијанската ѕвезда Ерос Рамацоти, а се појавува и во еден од неговите музички спотови.

На Миланскиот филмски фестивал во 2011 година, ја добива престижната статуетка Најдобра млада актерка.

Од 2012 година живее во Лос Анџелес каде ја продолжува својата актерска и водителска кариера.
Активно е вклучена и во хуманитарни проекти чиј фокус се пред се жени жртви на семејно насилство.
Периодов е повторно во својата родна Србија поради ангажманите за ТЛЗП.

Дека созреала во вистински професионалец пред камерите, веднаш ќе воочите и по беспрекорниот и секогаш концизен сценски аутфит, базиран на суптилна доза сексапил, женственост и елеганција.

Фото извор: Инстаграм профил Нина Сеничар @ninasenicar

 

Објавено:
8 ноември 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.558 пати