Џими Хендрикс: Легендата што го смени курсот во модната индустрија

13 мај 2014

Тој е најголемиот гитарист во историјата, Џими Хендрикс освен по виртуозноста кон свирењето електрична гитара беше добро познат по својот уникатен стил и беспрекорна смисла кон модата. Тој  даде комплетно ново значење на рок енд рол стилот во 60-тите додавајќи остра и гламурозна хипи  нота во истиот. Џими ги фаворизираше  винтиџ јакните, кадифените костими во сина и црвена боја, психоделичните  ткаенини на свилени костуми, па се до јакни во војнички стил по кои и остана најпрепознатлив. Одличниот спој на хипи парчињата како ѕвонестите панталони, елеците, шаловите  и прстените, на некој начин ја претставуваа неговата поддршка кон хипи движењето.

Во доцните 60-ти тој почна да носи специјално дизајнирани костими со долги ракави, а од тој период  најзапаметен остана по белата јакна со долги реси аплицирани со сина монтистра, која ја носеше на Вудсток.

Исклучителниот стил на гитарската легенда до ден денес е инспирација за многу дизајнери, музичари, и модни инсајдери ширум светот. Дизајнерот Џон Варватос кој своевремено создаде колекција инспирирана од Џими вели:

-Многу е лесно да создадете парчиња кога се инспирирате од лик како Хендрикс, но не се обидуваме да го имитираме бидејќи тој е неповторлив. Ние дизајнерите би може само да замислуваме како тој би се носел во 2014 година, вели Варватос.

Неговото надмено чувство за мода отсликано преку спојот на различните бохо цветни принтови со војнички јакни и кадифени панталони, декорирани со шапки во западњачки стил и Чироки брошеви, проба да ги копира секој што во тоа време тежнееше кон популаризација, но обидите најчесто се запаметени како неуспешни. Факт е дека тој не се облекувал за да импресионира, туку да ја претстави сопствената експресија на сите можни начини. Аутфитите кои ги носеше и начинот на нивната интерпретација, маркираше на посебни вибрации што не се гледаат секој ден.

Неговиот стил, како и музиката сериозно остави траг во историјата. Воедно тој е и првиот во неговото време што успеа да направи бројни стилски трансформации, очигледно создадени со хедонистички пристап кон фанки и бохо  варијациите. Неговиот ексцентричен и психоделичен пристап дефинитивно го смени курсот на модата, иако не е жив неговото влијание сеуште е силно изразено.

 

Мајкл Џексон  важи за уште еден влијателен музичар чиј стил бил директно инспириран од Џими, раперот Џеј Зи исто така се испроба во лансирање колекција, се разбира создадена по теркот на легендата.  Модната треска која ја донесе Хендрикс сеуште е под висок напон, силна и влијателна само модифинирана на начин за кој веруваме дека него ќе му се допаднеше. Инаку, во петок 16-ти мај во Загреб свечено ќе биде откриен споменикот на Џими Хендрикс во паркот познат како парк на рокенролот, спомениот е изработен од академскиот склуптор и тапанар, Борис Леинер.

 

Објавено:
13 мај 2014
Категорија: 
Модна икона