Прекрасната 71 годишна актерка Хелен Мирен е вистинска инспирација за сите генерации. На секое појавување на црвениот килим таа изгледа беспрекорно со совршено одбрани комбинации и секогаш со доза женственост и сексапил.
Нејзиниот стил е инспирација и за сите помлади колешки кои дефинитивно треба да земат пример од оваа софистицирана дама.
Актерката секогаш се наоѓа на листата најдобро облечени на бројните холивудски настани на кои се појавува во неверојатни фустани кои остануваат запаметени.
Како што самата ќе каже, нејзината тајна е во тоа што таа никогаш не ги смета нејзините години за пречка кога треба да ја одбере совршената комбинација за било какво јавно појавување.
Изборот на дизајнери го докажува токму тоа – многу често можеме да ја видиме во креациите на Долче и Габана, Алберта Ферети, Џени Пакам и уште многу други кои секогаш прават нешто посебно за неа.
На секоја креација што ќе ја одбере, актерката ѝ дава свој, посебен печат со внимателниот избор на детали, фризура и шминка и уникатниот карактер поради кој е особено почитувана.
Нејзините пријатели дизајнери ќе кажат дека таа секогаш знае што точно сака, одбира посебни креации кои ги доработува заедно со нив и во кои на крајот изгледа супер впечатливо.
Тие ќе додадат дека таа никогаш не се плаши да преземе ризик кога станува збор за модните избори и секогаш сака да се забавува при изборот на парчиња.
Можеби токму затоа таа секогаш знае како да ги носи парчиња во кои се чини дека и е удобно и поради кои дополнително зрачи.
Таа никогаш не се плаши да си игра со моделите и со боите на парчињата што ги носи, па така многу често можеме да ја видиме во жолти, зелени и црвени фустани на црвениот килим.
Без разлика на годините, Хелен Мирен секогаш изгледа толку сексапилно и елегантно каде и да се појави без воопшто да се труди, а тоа е нешто што дефинитивно секоја жена би сакала да го постигне во животот.
Во галеријата погоре погледнете ги најстилските моменти на оваа прекрасна дама!