Кејт Хадсон: Од бохо кралица до гламурозна и софистицирана дама!

1 август 2014

Таа дефинитивно е една од холивудските девојки со најсофистициран стил која никогаш не нѐ изневерува! Токму како и нејзината мајка Голди Хоун, така и шармантната Кејт Хадсон е вистински професионалец кога станува збор за стилот.

Покрај тоа што никогаш не се случило да има некое промашување на црвениот килим, таа е олицетворение на вистинската модна икона и кога оди во обична прошетка со нејзините деца.

При првата помисла на Кејт Хадсон, веднаш ни текнува на харизматична девојка со широка и прекрасна насмевка која секогаш ги носи најубавите фустани што една девојка може да ги посака.

Покрај тоа што таа има беспрекорен стил и скоро никогаш не греши, она со што оваа актерка особенo плени е нејзината неверојатно позитивна енергија со која зрачи каде и да се појави.

Нешто поради што дополнително ја обожуваме е фактот што таа многу често знае да се појави без ниту грам шминка во сосема едноставни фармерки и маичка и дури и тогаш да изгледа беспрекорно.

Кога станува збор за секојдневните комбинации, таа дефинитивно секогаш е ултра тренди, но никогаш со премногу парчиња на неа, бидејќи како што и самата ќе каже, таа е голема вљубеничка во минимализмот, иако на почетокот на нејзината кариера тоа можеби и не изгледаше така.

Во најдобрите години од нејзината кариера, кога стана ултра популарна со култниот „How to lose a guy in 10 days“, многу често прекрасната Кејт гаеше вистинска љубов кон бохо стилот, за неколку години подоцна да се претвори во вистинска гламурозна дама од црвениот килим.

Во продолжение, погледнете ја стилската еволуција на Кејт Хадсон и некои од нејзините најдобри комбинации за кои веруваме дека ќе ви се допаднат.

Објавено:
1 август 2014
Категорија: 
Модна икона