По 10 години работа во магазинот Харперс Базар, Кристин Сентенера ја прифати работата на уредник на австралискиот Вог, а според коментарите се чини не погреши.

Покрај тоа што таа е икона на стилот долги години наназад и една од најпознатите дами во модниот свет, му помогна на Вирџил Абло да ја подготви новата, односно прва колекција за машката линија на Луј Витон.

Таа е позната по пријателствата со Ким Кардашијан и Канје Вест, а се шпекулираше дека во 2016 – тата познатата реалити ѕвезда и платила повеќе од еден милион за да ја стилизира за разни настани.

Таа е дефинитивно еден од најпознатите стилисти во светот, а досега има соработувано со имиња како Кејт Бланшет, Кара Делевињ, Ел Фенинг, Жизел Бундшен, Миранда Кер, Кејт Аптон и уште многу други.

Покрај тоа што секогаш прави совршени комбинации за сите оние кои се појавуваат во магазинот, таа и самата има одличен стил во кој ретко греши.

Пред неколку години, таа и дизајнерот и нејзин партнер Џош Гот заминуваат да живеат во Њујорк каде планираат да продолжат со своите ангажмани, но познатиот дизајнер за кратко време ѝ презентира супер идеја – заеднички бренд.

Токму тоа и се случува и денеска модниот свет го има Wardrobe.NYC, бренд кој нуди супер парчиња за мажи и жени, класично кроени, навидум едноставни и носливи, но луксузни и впечатливи.

„Велат, некогаш наједноставните идеи се најдобри. Но, исто така, тие се и најкомплицирани за реализирање, нешто што и ние го откривме малку подоцна. Идејата дојде од нашите лични комбинации, од она како ние двајца сакаме да се облекуваме и како изгледаме секој ден. И двајцата сме постојано зафатени, правиме милион работи и ова е нешто како униформа во која уживаме секој ден“, вели Кристин.

Она што е интересно е што нивната колекција е составена од осум клучни парчиња кои можете да ги купите исклучиво заедно по цена од околу 4.000 долари, или пак пакет од четири за околу 1.500 долари.

Нивната цел е на секој купувач парчињата да му послужат како база во неговата гардероба и да може да ги комбинира со што и да посака.

Нивната идеја е и повеќе од добра, а брендот денеска е исклучително успешен и познат во најголем дел од светот.

Инфо: Fashion Industry Broadcast

Фото: Style du Monde

Објавено:
18 октомври 2018
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.311 пати