МОДНА ИКОНА

Неконвенционалната убавина на Ања Тејлор Џој ја прават магнет за големите дизајнерски имиња

13 септември 2022

Популарната 26-годишна американска актерка која првенствено се прослави со своите феноменални улоги во филмовите „The Witch" на Роберт Егерс, „Split" и „Glass" на Најт Шајмалан, а потоа направи вистински бум со одличниот портрет на Бет Хармон во мега-популарната Netflix серија „The Queen's Gambit" и улогата на Олга во „Northman" на Роберт Егерс, е несомнено позната и по својата необична убавина која ја прави вистински магнет за вниманието на камерите и јавноста, но и за големите дизајнерски имиња.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Со својот шарм и докажан актерски талент, како и пропорции и лице кои скршнуваат од конвенционалните стандарди за убавина, станува сосема јасно зошто Ања е вистинската инспирација, но наедно и модна икона за генерацијата „З".

Без разлика на тоа кој стои зад нејзините стајлинзи за време на филмските премиери, црвените килими, фестивалските настани и јавни настапи, Ања секогаш наоѓа начин да го преплете својот личен уникатен стил со креациите во кои дизајнерските куќи ја облекуваат.

Таа карактеристика е јасно препознатлива и во нејзината улична мода, како и храброста да експериментира со нови и стари имиња од модната сфера, со што праведно го „заработи" прекарот „стилски камелеон".

 Фото: Getty

Ања притоа знае точно како да се задржи до префинетиот минимализам и холивудскиот гламур на начин на кој речиси никоја друга млада актерка од нејзината генерација не го прави тоа. Токму затоа, таа неизбежно се наоѓа на секоја листа на „најдобро облечените на црвените килими" и е секогаш различна, препознатлива, и лесно отскокнува од толпата.

 Фото: Getty

Во прилог одвоивме некои од нејзините највпечатливи и најдобри изгледи.

Фото: Getty images и Pinterest

Објавено:
13 септември 2022
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
328 пати