Сергеенко стана препознатлива по својот необичен стил на облекување, а денес 32 годишната фотографка е омажена за рускиот милјардер, Данил Качатуров. Препознатлива по гламурозниот бабушка стил, Улијана својата прва колекција која ја ласнирашево 2011 на модната недела во Париз веднаш по ревијата на Шанел е всушност инспирирана од нејзината баба и филмовите од времето на СССР. Во врска со оваа колекција таа има изјавено – „Јас би ги носела сите парчиња од оваа колекција, а тие се наменети за секоја жена која сака да изгледа убаво“.

Нејзината уметничка, романтична и креативна смелост во успешното комбинирање на модните парчиња и негувањето на уникатниот стил е мотивиран од литературата. Неодамна беше забележана како носи плик чанта во облик на книгата Ана Каренина од Олимпија Ле Тан.

Сопругот на Улијана Даиил кој е 634 по ред на листата милјардери на Форбс е најголемиот финансиер за развивање на нејзиниот бизнис во модната индустрија, а модните уредници и дизајнери одговорија на  овој предизвик со прифаќање на соработката и позитивно оценување на нејзиниот препознатлив бабушка стил, особено макси здолништата, сакоата и јакните со волуменизирани рамења, кои се нејзин препознатлив знак.

 

 

Објавено:
27 јуни 2013
Категорија: 
Модна икона