Денеска Фреди Меркјури ќе наполнеше 76 години. Во негова чест, на 24 октомври 2018 година беше прикажана премиерата на документарниот филм Bohemian Rhapsody со одличниот Рами Малек.

Уште на почетокот на неговата кариера како фронтмен на популарната група Queen тој изјави дека нема да биде ѕвезда, туку ќе биде легенда, што и се потврди.

Покрај неговиот моќен глас и неверојатната енергија со која зрачеше каде и да се појави, тој секогаш знаеше да одбере посебни комбинации по кои го паметиме и денес.

Белите маички без ракави, тесните фармерки и Адидас патиките се нешто по што можеби сите го паметат, но секоја негова комбинација имаше посебна приказна.

Речиси секое младо момче во неговото време се обидуваше да го копира неговиот стил, особено познатите мустаќи и залижаната коса по кои и беше најпознат.

Како графички дизајнер, тој отсекогаш бил вљубен во модата и уметноста, па многу често и сам ги одбирал комбинациите што ги носел во што и уживал.

Со помош на дизајнерката Зандра Роудс, која стои зад познатите комбинации на членовите од бендот во 70 – тите години, тој секогаш сакал за себе да има нешто во што ќе може лесно да се движи, но истовремено сите парчиња да бидат впечатливи.

Во една изјава тој ќе каже дека секогаш сите мора да се добро облечени, бидејќи луѓето не одат само да гледаат концерт, туку цело модно шоу.

Тој имал голема пасија кон театарските костими, на што можевме да посведочиме и многупати во текот на неговата кариера и настапи.

Веројатно сите го паметите спотот за легендарната „I Want to Break Free“ каде тој е облечен како пин – уп девојка што укажува на тоа дека секогаш сакал да експериментира со стилот, да пробува нешто ново и во сè да вметне малку драма.

Во еден момент, при крајот на 70 – тите, тој ќе ја скрати косата, ќе почне да носи тесни фармерки и маички со што ќе сака да ја истакне неговата совршена фигура, по што девојките уште повеќе ќе „полудат“ по него, иако во неколку наврати тој бил јасен за неговата определеност.

Една од неговите најпознати комбинации е онаа со тесните фармерки и белата маичка, дополнети со Адидас патики и метална алка на надлактицата на Live Aid концертот во Лондон во 1985 година.

Во една изјава ќе каже дека „се облекува да убие, но со вкус“, па се чини дека оваа реченица може најдобро да го опише неговиот стил кој беше обожуван низ годините наназад.

Во чест на неговиот роденден, во галеријата се потсетуваме на некои од најпопуларните комбинации на, според експертите, најдобриот пејач во историјата на музиката, Фреди Меркјури.

Извор: Dazed

Фото: Dazed, GQ 

Објавено:
5 септември 2018
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.364 пати