Десет правила за летен деловен дрес код

19 јуни 2014

Модниот директор на Harper’s Bazaar Аврил Мејр предлага десет правила за претстојното лето. Креирајте го вашиот деловен дрес код успешно и стилски модифицирано според следните десет правила:

1. Одберете ја идеалната долна облека

Деловниот изглед не значи да правите смели комбинации во однос на контрадикторност на долната облека со модните парчиња,.Правилото е едноставно - доколку носите бела кошула или маица одберете бел градник, доколку моделот е во пруги, дозволете си поигрување со контрастите но во однос на боите кои преовладуваат на блузата и секако темна нијанса на градник доколку се одлучите за исто таков модел на маица или кошула.

2. Белото здолниште е секогаш добар избор

Постои причина зошто ова се нарекува класично парче -секоја девојка и жена изгледа добро во бело здолниште

3. Одете на педикир

Доколку работното место дозволува да носите сандали со отворени прсти тогаш е неопходно да направите педикир. Но во секој случај апостолките не доаѓаат во предвид!

4. Монохроматиката е ин

Ова е клучен тренд во однос на деловните комбинации. Облечете бела маица и комбинирајте ја со кожено црно здолниште за ултимативен изглед на успешна бизнис жена.

5. Краток кардиган или сако

Следете го примерот на Викторија Бекам и стајлинзите секогаш комплетирајте ги со краток кардиган или сако за дополнителна елегантна нота во однос на аутфитот.

6. Одберете миди здолниште

Доколку ви е неопходна конформност во секојдневното функционирање, изберете миди здолниште кое лесно може да го комбинирате со кошула или пак транспарентна маица.

7. Направете разлика помеѓу деловниот изглед и сите останати

Тесни фустани, мини здолништа, кратки панталончиња, корсетите и колоритните градници оставете ги за некоја забава или пак за средба со пријателките во некое кафуле.

8. Машкиот крој на палто може да ви биде најдобриот пријател

Мајкл Корс направи интересен спој на волуменозно палто со машки крој во комбинација со модел на летен фустан. Одлична комбинација за извршување на деловните обврски.

9. Работната облека не треба да биде монотона

Ова зависи од условите кои ви ги нуди работното место. Но доколку немате проблем со експериментирањето, направете промени со вклучување на масивни модни додатоци во впечатливи нијанси.

10. Купувајте на распродажба

При одењето на шопинг предност давајте им на прачињата кои се безвременски, односно оние кои нема да бидат ограничени само за една сезона. Иако конкретно зборуваме за летната сезона, тоа не значи дека не можете да купите парчиња кои ќе може да ги комбинирате и за наредната сезона. Во период на распродажба, секогаш може да наидете на парче кое одлично би се вклопило во повеќе комбинации и кое нема да ве ограничи во однос на стајлингот.

Објавено:
19 јуни 2014
Категорија: 
Направи сам