Ако сте во потрага по интересни и лесни новогодишни украси, ние денеска ќе ви презентираме еден. Се работи за Снешко, кој можете да го направите за многу кратко време, а во создавањето можат да ви помогнат и вашите деца.

Она што ви е потребно е: бела чорапа, ориз, конец, шпенагли, мали копчиња. 

Како да го направите: Исечете ја чорапата на половина, а долниот дел (каде што се прстите) заврзете го со конец и свртете го наопаку. Наполнете го со ориз и заврзете го со конец на врвот, а истото тоа повторете го и на првата третина од должината. Откако ќе го добиете обликот на Снешко, од вториот дел од чорапата, направете капа. Од било која ткаенина исечете една лентичка и направете мал шал. Копчињата зацврстете ги со лапак, а со шпенаглите направете му очи и уста.

На тој Снешко, направете му и другарчиња на ист начин, со што можете да си играте со „облеката“ на Снешковците.

Постапката и идеите за следните Снешковци погледнете ги во видеото во продолжение:

 

Објавено:
17 декември 2015
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
3.053 пати