Што можете да направите со распар чорапите?

21 јуни 2021

Ви се случило мистериозно да ви исчезне едната чорапа после перење или носење? Сигурни сме дека да.

Веројатно секој од нас има макар мала колекција на распар чорапи, кои зафаќаат место. Ние најдовме неколку интересни совети за тоа како можете да ги искористите:

Добра замена за крпа за бришење

Не е нова идеја, но секако е корисна. Потопете ја чорапата во вода, но не да биде премногу мокра, потоа навлечете ја на рака и избришете ја прашината на планираните површини. На крајот, можете да ја фрлите, а можете да ја исперете, па повторно да ја употребите на истиот начин.

Направете кукли за деца

Ако сте малку вешти со рацете, тогаш ова видео во продолжение ќе ви биде интересно. Можете да направите мали симпатични кукли за деца или за домашните миленици. 

Помош во автомобилот

Ако сакате стаклата во автомобилот да не се замаглуваат, тогаш наполнете неколку чорапи со песок за мачки и оставете ги во автомобилот. Песокот ќе ја впие непотребната влажност од возухот. Исто така, секогаш имајте по некоја стара чорапа во багажникот или фиоката на автомобилот, не знаете кога може да ви затреба.

Против молци

Распар чорапите наполнете ги со лаванда, рузмарин или некои други мирисни билки, заврзете ги со конец и распоредете во плакарот или во кујна. Освен што ќе ви го подобрат мирисот, ќе бидат супер заштита од молци.

Трик како полесно да ги споите изгубените чорапи?

Направете табла со штипки или заврзете конец со штипки, поставете ги во бањата или на некое друго место во домот каде што ќе ви изгледа соодветно. Потоа, кога ќе ја најдете едната чорапа, закачете ја да стои додека не ја најдете другата. Ако се појави :)

 

Објавено:
21 јуни 2021
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
643 пати