Еве на што треба да обрнете внимание при купување нова облека

10 ноември 2013

Првиот впечаток може да биде и повеќе од задоволителен, но сепак ситниците се всушност тие кои може да ви го уништат целосното задоволство. За да не бидете разочарани, внимавајте на следните работи:

Прегледајте ги рабовите

Може да се случи рабовите да не се добро зашиени или да постои дупка во ткаенината. За да не се враќате по замена за веќе купеното парче, добро прегледајте ја  на лице место новата облека.

Копчиња

Прегледајте дали копчињата се прицврстени или олабавени. Доколку се олабавени побарајте друго парче од истиот модел или за кратко време по носењето ќе мора дома сами да ги закрпувате од ново.

Патенти

Доколку купувате парче кое на себе има патент испробајте го веднаш. Доколку заглавува на некое место, веднаш заменете го моделот.

Одржување на апликациите

Доколку купите парчиња со апликација, обрнете внимание на упатството за одржување за да не го упропастите моделот уште при првото перење.

Објавено:
10 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам