Излезете од стандардната модна рутина

25 февруари 2014

За да го исполните тоа, потребно е да излезете од вашата модна рутина, а тоа најдобро се прави со купување на нови парчиња и исфрлување на старите. Доколку се решите за промена, следете ги советите во продолжение:

1. Прегледајте ја гардеробата и издвојте ги омилените парчиња

2. За да си ја олесните работата издвојте ги парчињата според нијансата, кројот и стилот. Останатите парчиња донирајте ги на оние на кои им се најпотребни.

3. Направете список на работи кои ви се неопходни

4. Откако ќе го испразните гардероберот, а имате доволни финансиски средства за шопинг, прво запишете си што ви е најнеопходно за купување, односно парче кое ќе можете да го комбинирате со вашата гардероба и задолжително разгледајте ги онлајн  порталите и магазините кои ви нудат богат избор на најновите тренд колекции.

5. Откако ќе решите со што сакате да се обновите, тргнете во шопинг.  Пред се одберете парчиња кои ви се неопходни и кои лесно се комбинираат, но не заборавајте и да одберете парче за посебни пригоди. На овој начин не само што ќе ја промените модната рутина, туку ќе ги забележите и позитивните промените од монотон во нов стилизиран колоритен стајлинг, идеален за претстојната пролетно – летна сезона.

Објавено:
25 февруари 2014
Категорија: 
Направи сам