Импресионирачки модни илустрации од цвеќе

5 мај 2014

Модните илустрации се уметност сами по себе, но модната илустраторка од Сингапур, Грејс Чао создава  уметност употребувајќи свежо цвеќе, молив и лист хартија. Начинот на кој таа вешто ги аплицира листовите од цвеќе во секој цртеж, прави да изгледа како тоа  никогаш да не припаѓало  било каде на друго место освен на илустрацијата. Неверојатно е како таа ги користи ливчињата така симетрично и природно. Освен што се пријатни за око, тие веќе се модели на фустани што чекаат да бидат изработени од вистинските материјали.

 

 

Објавено:
5 мај 2014
Категорија: 
Направи сам