Како да ги перете кожените панталони?

22 јануари 2014

Ова дефинитивно е сезоната на кожени панталони! Истите можеме да ги забележиме кај голем број девојки, вљубенички во модата, комбинирани со најразлични парчиња. Но, она што е од големо значење доколку сакате да ги задржите онакви какви што ги купивте, е нивното перење. Со оглед на тоа што станува збор за кожа, постојат и одредени правила што мора да ги почитувате при нивното перење.

Дизајнерката Мариса Веб создаде свој сопствен метод за перење на кожените панталони, со кој што гарантира дека тие ќе останат во беспрекорна форма без разлика на тоа колку пати сте ги переле.

Со оглед на тоа што Мариса добро ги познава кожените материјали бидејќи беше дел од модната куќа J. Crew, а наскоро лансира и сопствена линија, не ни преостанува ништо друго освен да и веруваме.

Доколку немате многу време да ги негувате кожените панталони на посебен начин, она што можете да го направите е да ги ставите во сушалната на највисока температура со што истите ќе се вратат во првобитната форма и ќе исчезнат сите оние растегливи делови.

Ако имате повеќе време, она што можете да го направите е да ги оставите во топла вода добро да се натопат барем едно попладне, а потоа веднаш ставете ги во машината за сушење за добро да се исушат.

Трет начин на кој можете да ги исперете е доколку ги ставите во топла вода за кратко време, а потоа во сушалната на висока температура сè додека не се исушат целосно. Со ваквиот метод може да се случи да се изгуби многу малку од сјајот на кожата и панталоните да се стеснат, но со само едно носење тие повторно ќе се вратат во првобитната форма.

Овие постапки можете да ги повторите секој пат кога сметате дека панталоните ви се растегнати или пак едноставно кога им треба освежување.

Објавено:
22 јануари 2014
Категорија: 
Направи сам