Како да носите маици со отворен грб

13 август 2014

Низ улиците често може да се видат девојки кои носат маци, туники или топови со комплетно или делумно отворен гриб. Ваквите парчиња најчесто се наменети за жените со совршен грб и авантуристички моден дух. Ако и вие сакате да носите вакво парче, ова треба да го знаете.

1.Без градник

Маицата или топот со отворен грб најдобро ќе им прилегаат на млади жени со компактно тело и помали гради, кои полесно и' пркосат на гравитацијата. Со поинакви зборови - ваквото парче ќе им стои на жените кои можат и да не носат градник, затоа што било каков тип на градник на вакво парче  нема да изгледа воопшто привлечно.

2.Невидлива поддршка

Жените кои се навикнати да носат фустани со отворен грб, како Ева Лонгорија на пример, ги знаат сите трикови. Ако веќе морате да носите градник, тогаш набавете си силиконски кој се лепи за вашите гради, или лепливи ленти, кои се поставуваат под градите, ги подигнуваат и на тој начин ви даваат гаранција дека нема да дојде до невкусно „откривање“.

3.Делумна заводничка

Ако веќе одбирате топ со делумно отворен грб, тогаш градникот може да дојде во комбинација. Ако сакате да го истакнете горниот дел од грбот, купете си low strap градник, што се закопчува ниско, речиси во крсниот дел од грбот. Ако пак, сакате да го откриете долниот дел од грбот, тогаш класичен градник е и повеќе од добредојден.

Објавено:
13 август 2014
Категорија: 
Направи сам