Црна, тегет, сина,виолетова, кафена и сива се најприменуваните бои кога станува збор за комбинирање, а секоја посебно „праќа“  одредена порака. Голем број жени тврдат дека одредени бои не се за нив, поради што и најчесто ги избегнуваат. Меѓутоа, неколку бои навистина фантастично им стојат на сите жени. Покрај тоа, бојата помага визуелно да се подобри целиот изглед.

Црна- Таа е единствената боја што и прилега добро на секоја жена. Црната праќа порака за елеганција и чувство на професионализам. Исто така, црната одлично се сложува со сите други бои и затоа е најлесно да ја комбинирате.

Тегет- И оваа боја може да и прилега одлично на секоја припадничка на понежниот пол, а облечени во ваква колорна нијанса вие праќате порака за пријатност, сигурност и одговорност. Како и црната, не плашете се да ја комбинирате со сите други бои. Ако мислите дека црна и тегет не се согласуваат, се лажете,  тие може да изгледаат одлично.

Сива- Можеби ви се чини досадна, но тоа е бојата што ќе ви даде шарм токму поради нејзината неутралност, а во комбинација со јаки бои како црвена, жолта и портокалова , сивата боја доаѓа до полн израз.

 

Виолетова- Оваа боја во сите нијанси е совршено ласкава на сечија боја на коса и тен, а притоа многу лесно се комбинира со црна и кафена. Таа е раскошна и зрачи со самодоверба.

 

Кафена-  секогаш е во тренд и можете да ја носите во сите временски сезони. Кафената боја дава чувство на одговорност и праќа порака за безвременска елеганција. Практична е и поради тоа што може да се комбинира со широк спектар од други нијанси.

 

Објавено:
26 февруари 2014
Категорија: 
Направи сам