Моден рецепт - алка од патенти
•
15 август 2013
За да ја направите оваа алка потребни ви се два стари патента, две метални плочки и малку време.
Најпрвин, разделете ги патените.
Откако ќе ги раздвоите патентите, земете три ленти и спојте ги со метална плочка.
Потоа, сплетете ги лентите во плетенка.
Крајот на плетенката исто така спојте ја со плочка. Во отворите на плочките протнете синџирчиња за закопчување.
Ако оваа ви е тенка, можете да направите уште една плетенка, па двете плетенки да ги споите.