Модни трендови без кои би биле поубави

5 август 2013

Сè што е во тренд не значи дека е убаво и дека на секому му прилега. Меѓутоа, многу од припадничките на понежниот пол се склони слепо да ги следат модните диктати, па така ризикуваат наместо убав впечаток да предизвикаат комични изданија. Секој има свои модни утки, а ние решивме да ви ги издвоиме оние за кои сметаме дека оваа модна сезона можете и да ги заобиколите.

 

Кармин со неонска боја

 

Флуоресцентните нијанси кои на голем врата се вратија оваа сезона, но можеби е паметно да не ги фаворизирате воопшто. Неонските бои се пресмели и прави да изгледате нападно и невкусно, а тоа не им доликува на дамите.

 

Under cut (делумно избричена глава)

 

Овој вид на фризура беше апсолутен хит во 1980-тите години и сега повторно се врати на модната сцена. Меѓутоа, пред да решите да ја избричете главата, размислете дали овој тренд ќе направи да изгледате поубаво, попривлечно, атрактивно или модерно?

 

Лош омбре-стил 

 

Разликата во нијанси, бои и тонови знае да биде мошне голема. Затоа внимавајте кога ќе се решите да ја бојадисате вашата коса во омбре-стил. Линијата од убавица до кловн е многу тенка.

 

Шарена сенка за очи

 

Сите бои убаво ви стојат!? Цело е кога има сè или вие сега личите на виножи. Подобро е воопшто да не коментираме...

 

Шалвари

 

Веќе неколку сезони по ред шалварите се провлекуваат како идеален моден уличен тренд. Девојките никако не сакаат да се разделат од своите вреќести панталони, кои според советите на експертите подобро е да се избегнуваат. Кога ги освојувате градските улици, тоа го правите со стил , а не со пижами!

 

Вештачки трепки 

 

Помина времето кога вештачкото беше попривлечно од природното. Сега кога и силиконите се out, како може да носите трепки со кои изгледате како некоја од куклите по излозите на бутиците.

 

Шпицести нокти

 

Шпиц формата на нокти е вистински бум ова лето. Точно, но морате ли по секоја цена да ги носите и вие. Вештерките од Иствик повторно напаѓаат. Сигурно не сакате да се закитите со овој епитет, нели?

 

Дебели потпетици 

Чевлите со дебели или полнети потпетици не се сè, само не женствени и елегантни обувки. Не треба да бидете моден експерт за да го увидите тоа.

 

Асиметрично здолниште

 

Времето на деведесеттите помина. Точка!!!

 

Објавено:
5 август 2013
Категорија: 
Направи сам