Неонските бои се хит оваа пролет
•
11 мај 2013
Минатата година во тренд беа флуоресцентните лаковите за нокти, а оваа година тие повторно ќе бидат ин со тоа што сега за дополнителен шик ефект ќе се носат мини или макси здолништа, фустани, шорцеви, маици, сакоа, накит, марами и чанти во дречливи бои.
Доколку сакате да го освежите вашиот изглед, а истовремено да изгледате модерно, одберете ги неон-нијансите кои се одличен избор за дневен, но и вечерен полежерен изглед.