Предлог стајлинзи за овој викенд

15 ноември 2014

Во пресрет на празниците кои следат, фокусот на модните парчиња се повеќе се сведува на креации, кои на себе имаат светки или пак шљокици. Доколку поседувате вакво здолниште со миди должина, тогаш ќе ви предложиме два стајлинга, со кои истовремено ќе изгледате  и елегантно и впечатливо.

Дневен стајлинг

Уличните стајлинзи низ модните метрополи се доказ дека за добар стајлинг, неопходно е да експериментирате како со парчињата, така и со боите. Во конкретниот случај, предлагаме здолништето со шљокици да го комбинирате со џемпер во сина нијанса, волуменозен капут, чевли до глужд, чанта и капа со некое интересно плетиво.

Вечерен стајлинг

Доколку сакате комбинација која ќе ви пружи удобност во текот на целата вечер, ви предлагаме здолништето со шљокици да го комбинирате со маица со интересна апликација или натпис и акцент ставете на накитот или модните додатоци, од кои доминанти треба да бидат чевлите на висока потпетица.

Преземено од Fashion.hr
Објавено:
15 ноември 2014
Категорија: 
Направи сам