Шест совети за стилот од Одри Хепберн

5 октомври 2013

Нејзиниот женствен и софистициран изглед е пример за секоја жена која сака да остави впечаток дека поседува добри манири. Глумицата често пати во своите многубројни интервјуа истакнувала што е потребно за да се изгради статус на дама, а кои се тие прочитајте во продолжение.

Гардероба

Одри секогаш носеше гардероба во која прес се се чувствувала комфорно. Тоа значи ниту еден конфекциски број помали или поголеми парчиња облека

Совет

„Секогаш носете го тоа во кое се чувствувате удобно. Гардеробата треба да го истакне тоа што е најубаво на вашето тело. Не бидете жртва на модата само колку да бидете во тек со трендовите.“

Балетанки

Иако чевлите со висока потпетица се знак на женственост, сепак глумицата докажа дека и со балетанки секоја жена може да изгледа неодоливо.

Совет

„Заменете ги штиклите со балетанки и уверете се дека и со нив може да изгледате елегантно и урбано, а ќе можете и побрзо да се движите. Исто така, можете лесно да ги комбинирате со секоја дневна комбинација.“

Очила за сонце

Во филмот „Доручек кај Тифани“ Одри носи големи очила за сонце кои одлично се вклопуваат во целосниот стајлинг.

Совет

„Набавете си очила за сонце како оние кои актерката ги носи во филмот бидејќи оставаат впечаток на вистинска дама.“

Дизајнери

Одри обожаваше да носи облека од Живенши и накит од Тифани, но исто така знаеше и да пронајде апсолутно непознати брендови кои ги промовираше на џет – сет забавите.

Совет

„Уметноста на облекувањето е да знаете добро да ги искомбинирате парчињата облека со накитот.  За добар стајлинг не е потребно секогаш да поседувате модни парчиња потпишани од светски познати дизајнери.“

Нега

Одри секогаш имаше средени веѓи и маникирани раце. Шминката секогаш и беше во втор план

Совет

„Не е се до шминката. Секоја жена треба пред се да биде негувана.“

Држење на телото

Одри Хепберн е всушност пример за држење на телото и создавање на став

Совет

„Исправете се.  Ставот е важен за оставање на добар впечаток.“

Објавено:
5 октомври 2013
Категорија: 
Направи сам