Некогашните модни икони, едни од најубавите жени во Холивуд се неисцрпна инспирација и за дизајнерите, но и за сите останати љубители на модата.
Има неколку култни парчиња како црниот фустан што Одри Хепберн го носи во „Појадокот кај Тифани“, или белиот плисиран фустан на Мерилин Монро, што многупати се создаваат одново, а воедно можат да пронајдат свое место во секоја епоха, рамо до рамо со останатите нови, актуелни трендови.
А тоа секако важи и за нашата денешница.
Ние пронајдовме неколку стајлинзи од Брижит Бардо кои сосема би можеле да се вклопат во летниот стил сега, а кои сигурни сме ќе ви послужат како инспирација. Брижит може да се нарече предвесник на она што денес се нарекува „инфлуенсер“ или „модна икона“.
Она што можеби најмногу привлекува, многу повеќе од самите парчиња или комбинацијата е начинот на кој таа ја носи облеката.
Ние одбравме 25 комбинации кои би можеле комплетно да ги вметнеме во денешен контекст, а со тоа само се потврдува фактот дека тркалото на модата постојано се врти и дека дизајнерите многу често посегнуваат по минатото за инспирација.
А зошто да не и вие?
Принт со цреши + панделка во предниот дел и крој кој овозможува удобност е комбинација која и денес би ја носеле. Впечатлива и лелеава, совршен спој за лето.
View this post on Instagram
Цветен фустан со волуменозно здолниште со карнери - ова е еден од водечките трендови летово. А Брижит го носела децении порано. Балетанки како на фотографијата или еспадрили совршено одговараат на овој стајлинг.
View this post on Instagram
Овој фустан доби многу реплики и денес. На фотографијата носи „Диор“, но овие денес наречени „трота фустани“ може да се пронајдат и во колекциите на Џамбатиста Вали, „Живанши“ и други...
View this post on Instagram
Иако овде се работи за венчаница, кројот на фустанот е апсолутен тренд. Корсетите се вратија на голема врата на модната сцена, а здолништата од нежна тантела се секогаш привлечни.
View this post on Instagram
Мини фустан на риги, кој во долниот дел има карнер и плисирани детали? Спој на повеќе летни трендови во едно, а неретко можете да сретнете вакви верзии и денес.
View this post on Instagram
Карираните здолништа се едни од најактуелните сезонава, а инспирацијата доаѓа токму од Брижит Бардо. И да, можеби денес не носиме повеќе поставени здолништа во слоеви, но ситниот кариран принт е совршен за комбинација летово. Со едноставна маица и еспадрили го имате омилениот летен стајлинг на Брижит Бардо.
View this post on Instagram
Бохо туника е секогаш добар избор за лето, без оглед на останатите трендови. Во комбинација со впечатлив накит, е супер избор за оние што сакаат повпечатлив изглед на плажа или за време на летни прошетки.
View this post on Instagram
Жакемус стана забележано име во модниот свет благодарение на огромните шешири. Но, еве уште еден доказ дека инспирацијата се црпи од веќе видени модни решенија, се наградува и така се раѓаат нови, не помалку популарни.
View this post on Instagram
Колор-блок фустан, со рамен крој и без ракави - идеално парче за лето. Комбинацијата на бои можете да ја прилагодите на својот моден вкус, а моделот е таков што речиси и да нема жена на која не ѝ стои добро.
View this post on Instagram
Здолниште + маичка на риги + марама во коса = безвременска летна комбинација. Во оваа кратка модна формула се обединети трендови со кои никогаш не можете да згрешите. А за Брижит Бардо рамките обувки секогаш биле избор број еден, нешто што последниве две сезони стана доминантен тренд во светот.
View this post on Instagram
Во која и продавница за костими за капење ќе најдете макар 3 вакви модели. Тоа што кај нас се појави како тренд минатото лето, Брижит го носела децении претходно.
View this post on Instagram
Панталони на риги + обична маичка + шешир со марама = уште една формула за едноставен, но секогаш актуелен летен избор со кој нема да згрешите.
View this post on Instagram
Костим за капење во комбинација со марама или здолниште е непогрешлив моден избор за летување и плажа. Тоа го знае и Брижит Бардо, која често на ваква комбинација додавала и вепачатлив накит.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Краток шорц + маица е веќе позната комбинација. Но Брижит ја надополнува со плетена торба што е супер актуелен тренд, со балетанки, очила за сонце и дискретен накит, а на сето тоа косата е врзана во едноставна плетенка. Изгледа одлично нели?
View this post on Instagram
На крај, ниту еден летен плакар не може да се замисли без макар едно парче на риги, а по примерот на Брижит можете да се одлучите за широк, женствен фустан.
View this post on Instagram