Самиот име не тера да мислиме дека нејзината единствена намена се шминките, но не е така. Во неа можете да ги чувате документите и личните работи, а на горната површина да ги распоредите накитот, парфемите и шминките.
Жените секогаш се во брзање, а ако се земе во предвид дека голем дел од времето трошат на изборот на гардероба, тогаш најдобро би било облеката која сакате да ја носите да ја закачите на закачалка покрај масата за шминкање.
Целокупниот изглед можете да го комплетирате со детали како што се тапетите кои не мора да бидат низ целата соба, може само на ѕидот каде што се наоѓа масата или пак со столна ламба или интересна слика. Во зависност од стилот, за масата можете да изберете стол кој ќе се вклопува со целосниот изглед на собата. Доколку немате доволно место за гломазен стол, тогаш и табуретките може да ви помогнат да го решите проблемот со помалиот простор. Доколку сакате визуелно да ја разубавите собата, а и масата за шминкање, тогаш не заборавајте на огледалото. Тоа може да биде во различна форма и големина во зависност од вашата желба.
Каква маса и да изберете нема да погрешите. Потребно е само да водите сметка таа секогаш да биде уредно наместена. Доколку не сте доволно вешти за сами да ја уредите масата, тогаш потрудете се изборот да биде оригинален.