Колекцијата Висока мода што може да се пере во машина за алишта (Haute Couture Washable), англискиот дизајнер Жил специјално ја дизајнираше во соработка со компанијата за нега на ткаенини P&G (Procter & Gamble).
Многупати досега ни се случило на омилениот фустан да направиме некоја дамка и потоа на сите начини да се трудиме истата да ја исчистиме за тој повторно да изгледа како претходно.
Сега, постои сосема нов начин за тоа. Дизајнерот во соработка со P&G создаде и производ со кој ќе можете дома да си ги перете и одржувате вашите омилени свечени тоалети директно во машината за перење алишта.
Користејќи дизајнирани материјали и иновативни конструкции, англискиот дизајнер, креираше капсулна колекција на фустани на кои беше тестиран новиот производ Ecodosi 3 in1, кој преку систем на разградување на извалканите честички ги отстранува дамките од облеката, без таа да го изгуби својот сјај.
„Од соработката со експерти како P&G, научив дека потрошувачите сакаат нивната облека да им изгледа како нова што е можно подолго. Сигурен сум дека со текот на времето, се повеќе и повеќе дизајнери ќе ја земат в предвид можноста дизајните што ги креираат да можат да се перат и во машина за алишта“, изјави Жил кој беше и почесен гостин на првиот конгрес на P & G, организиран во Милано, каде што се презентираше и колекцијата.