Свилена лента во коса за луксузен изглед

23 декември 2013

 

Прекрасната трендсетерка Алекса Чанг, покрај тоа што секогаш знае да не развесели со своите инвентивни модни комбинации, знае и пријатно да не изненади со одлични фризури. Во моментов голем број дами се преокупирани со нивниот изглед на фризура за новогодишните празници, а ние инспирацијата за едноставна, модерна и елегантна фризура ја пронајдовме токму кај Алекса Чанг.

Фризурата е многу лесна за правење. Потребно ви е ластиче за коса и свилена лента од која можете да направите панделка или да купите веќе направена во некоја од продавниците за модни додатоци. Лабаво соберете ја косата под темето во ластиче што подоцна ќе го украсите со свилената лента, што ќе одговара со вашиот стајлинг.

Ќе имате идеална фризура без многу напор која ќе направи да блескате и ќе го истакне вашиот истенчен вкус и неверојатна женственост.

Објавено:
23 декември 2013
Категорија: 
Направи сам