Велигденски цветни аранжмани се секогаш добра идеја

14 април 2022

Ни наближува еден од најголемите христијански празници, „Велигден“. Сигурни сме дека веќе сте започнале со осмислување на трпезата, декорациите и бојадисувањето јајца.

Со оглед на тоа дека од креативни идеи никогаш доста, ние пронајдовме совршен спој на велигденски декорации и цвеќе. Нам цвеќето секогаш ни го подобрува расположението, а и се изгледа подобро кога ќе додадете цвет.

Голем дел од овие декорации што ќе ги видите можете и сами да ги направите, доколку сте умешни во тоа. Во вазна можете да ставите пластични декоративни јајаца и така да го збогатите празничниот декор. Или пак во кошница со јајаца да додадете цветен аранжман. 

Украсните фигури кои сега доминираат низ продавниците се секогаш добредојдени за осмислување на велигденски декорации. 

Малку трпение, лепак или силикон и креативност и ќе имате уникатен празничен декор.

А за дополнителна инспирација погледнете ги фотографиите во продолжение:

 

 

Објавено:
14 април 2022
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
6.598 пати