Со оглед на тоа дека ни се наближува еден од најголемите христијански празници, веруваме дека веќе сте и празнично расположени и размислувате како да го украсите домот и трпезата.
Ние денеска ќе ви дадеме неколку идеи како да изгледа вашата велигденска кошница, која често го зазема и централното место на трпезата, односно е декор и во домот.
Зајакот како мотив, не е дел од нашата традиција, но сепак под влијание од Западот, може и низ нашите продавници да се забележат такви украси. Сепак вие можете да си направите ваша композиција и да употребите украси какви што мислите дека треба, а овие примери во продолжение можат да послужат како инспирација.
Покрај плетените корпи, неколку годинини наназад во тренд се и стаклени садови за декорација, кои се користат и за велигденско уредување. Мотивите со сено, трева, мов, гранки секогаш добро изгледаат.
Исто така, комбининациите со суво или свежо цвеќе секогаш ќе внесат топлина.
Можете да направите и мали гнезда, кои ќе бидат поставени на повеќе места во домот, како и во сечија чинија на велигденската трпеза.
Панделките секогаш даваат доза на свеченост, па доколку сакате таков стил, не двоумете се да ги украсите кошниците дополнително.
Погледнете уште неколку примери: