Со доаѓањето на есента време е да се погрижиме за нашите цвеќиња кои ги чувавме во текот на целата топла сезона, но и да се подновите со оние кои ја обожаваат есента.

Доколку имате простор во вашиот дом во некоја соба што малку ја користите или пак имате преградена тераса, претстојниот викенд е одлично време да се посветите на овој проект.

Иако многумина ќе кажат дека зелените растенија не би требало да се чуваат во затворен простор или во простор каде што спиете, мора да признаете дека тие му даваат живот на секој еден агол од домот и еден вид на позитивна енергија.

Можете да си направите и мало катче со цвеќиња во вашата кујна каде вообичаено сакаме да ги одгледуваме прекрасните зачини кои најчесто ги користиме. Ако сте човек кој нема многу време за чување цвеќиња, тогаш одберете некои за кои треба да им посветите малку време и кои се лесни за одржување.

Кактусите се прекрасни растенија и за нив не треба да одвоите многу време, а изгледаат навистина прекрасно и украсно во било кој дел од домот.

Оваа идеја за внатрешна градина е прекрасна, а истата веднаш ќе внесе живот во вашиот дом и ќе биде одличен начин за еден вид есенско освежување од кое сите ќе се воодушеват.

Објавено:
23 септември 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.035 пати