Фасцинантниот живот на легендарната Ли Милер!

12 мај 2015

Прекрасната Ли Милер е една од највпечатливите и дефинитивно најкреативни жени во модната индустрија. Таа беше исклучителна девојка, модел, фотограф и дописник на Вог и дефинитивно една од најфасцинантните жени во 20 – тите години.

Силна, независна и исклучително интелигентна со неверојатно чувство за фотографија со што привлече огромен број обожаватели, а тука беше и нејзината убавина со која восхитувала каде и да се појави.

Таа е родена во Њујорк на 23 април 1907 – ма година, како Елизабет Ли Милер со потекло по родителите од Германија, Канада па сѐ до Велика Британија.

Детството на Ли било исклучително тешко и трауматично, откако на само девет години била силувана и заболела од многу болести. Години подоцна, таа без престан посетувала напорни и тешки третмани за да се излечи од страшниот настан.

До 1927 – ма година, таа успеала да излезе од тешката депресија и да заблеска во полн сјај. Нејзината убавина била забележана од тимот на куќата Conde Nast, по што нејзината манекенска кариера тргнала кон ѕвездите. За многу кратко време, Ли се најде ни повеќе ни помалку, туку на насловната на магазинот Вог. Веднаш по Њујорк, нејзината убавина наидува на огромен восхит и во Париз, каде се запознала со уметникот Мен Реј. Со текот на времето, нивниот професинален однос се развил во нешто повеќе. До 1929 таа станала негова муза и љубовница, по што нивната врска со текот на годините станала исклучително страсна, но на моменти и опсесивна.

Во времето кога таа почнала да соработува и со други уметници меѓу кои и Пикасо, нејзиниот љубовник полудувал од љубомора кога и направил некои од неговите најголеми уметнички дела.

Веќе во 1932 – та година, таа почнала сериозно да се занимава со фотографија кога и го отворила нејзиното прво студио во Њујорк, а истовремено почнала да работи и како фотограф во Вог.

Две години подоцна, откако се заситила од работата, таа се преселила во Каиро каде се омажила за Азиз Беј, по што почнала новата, духовна фаза во нејзиниот живот.

Кон почетокот на Втората светска војна, таа почнала да се занимава со новинарство и да известува за случувањата во војната. Таа непрестајно се грижи за модата и истовремено продолжува да работи како фотограф и новинар во Вог. Во текот на нејзината кариера, таа овековечила некои од најзначајните моменти во историјата, а дефинитивно една од најзапамтените фотографии е онаа кога таа лежи во кадата во станот на Хитлер, која подоцна се најде на страниците на магазинот LIFE.

Во 1947 – ма година, Ли Милер и нејзиниот љубовник Пенроус ја овековечиле нивната врска и го добиле синот Ентони. По бројни години известување и фотографирање стравични работи, по раѓањето на синот таа утеха бара во алкохолот и заболува од депресија.

Ли во бањата на Хитлер Ли во бањата на Хитлер

По нејзината смрт во 1977 – та година, синот Ентони го открива таванот од нивната куќа полн со фотографии што до ден денеска сведочат за нејзиниот неверојатен талент.

Таа денеска е запамтена како нежна и страствена жена, исклучителен уметник и работник, а нејзините дела се доволен сведок за она што таа го направила во животот!

Објавено:
12 мај 2015
Категорија: 
Портфолио