Ако досега не сте го сретнале на Фејсбук или Инстаграм, тогаш денеска одвојте време за да се запознаете со неодоливиот босански бренд La Jupe Showroom од каде доаѓаат фантастични фустани.

Брендот е основан од 30 годишната Сања Дујмовиќ од Мостар, магистар по економија која хобито успешно го претворила во одлична и профитабилна професија.

Во едно интервју за босански блог таа ќе каже дека на почетокот почнала да изработува едноставни фустани од лесни материјали на кои само им додавала по некој впечатлив украс, за нешто подоцна да стане еден од најпознатите брендови со неверојатно романтични модели.

Она што е интересно е дека не работат по нарачки, туку имаат одреден број на модели од кои секоја девојка може да си одбере, нормално, во боја и материјал по желба.

Најчестите материјали со кои работат се свила, брокат, тантела и жерсе, а секој од овие материјали тие успеваат да го претворат во нешто магично што секогаш буди романтични чувства кај девојките.

Нивните модели може да се опишат како ултра романтични, женствени и лежерни, во претежно нежни бои или пак направени од цветна тантела со карнери и совршени додатоци.

Во последната колекција покрај фантастичните романтични фустани од тантела, брендот смести и неколку венчаници во кои ќе се заљубите на прв поглед.

Новата колекција ја карактеризираат фустани изработени од висококвалитетни и лесни материјали, претежно широки од половината надолу и со интересен горен дел.

Покрај класичните модели, дел од колекцијата се и фустани со длабоко деколте, гол грб, црни ремени околу половината, карнери и асиметрични кроеви.

Во галеријата погоре погледнете ги прекрасните фустани во кои знаеме дека ќе се заљубите од прва.

Извор: Modamo.info, Блог: aninsvijetsitnihradosti, 

Фото: La Jupe Facebook, Modamo.info

Објавено:
29 мај 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.785 пати