Дваесетгодишната Ангела Карова од модната агенција Мак Моделс e една од младите македонски манекенки која амбициозно  ја гради својата интернационална кариера. Благодарение на специфичниот лик и идеалните манекенски пропорции,  Ангела периодов интензивно беше ангажирана во Истанбул каде изработи неколку рекламни кампањи за повеќе брендови меѓу кои и за Converse. Паралелно работеше и на каталог за венчаници, а беше и дел од ревијата на турскиот моден бренд Collezione.

 

Во моментов таа работно престјува во Бејрут.

“Бејрут е преубаво место за туристичка посета, но истовремено и доста инспиративно за работа. Од досегашното мое искуство сите луѓе ангажирани во проектите за кој јас работам се вистински професионалци. Од актуелните професионални ангажмани би ги издвоила едиторијалите за шминка и фризура, како и учеството на завршната модна ревија на студентите на моден дизајн. Она што ме очекува кон крајот на месецот е модна ревија во Кипар, по што ќе си дозволам една опуштена летна релаксација.”, изјави Ангела за Fashionel.

Модна агенција: Мак Моделс

Пропорции: 81-60-90

Боја на очи: сина

Боја на коса: костенлива

Објавено:
24 јуни 2013
Категорија: 
Портфолио