Предизвикот да се биде моден стилист

19 декември 2013

Се смета за модерна професија, звучи примамливо, но што во суштина е вистинскиот предизвик да се биде моден стилист?

Модната стилистка Алекс Лонгмор која е важи за една од водечките во Велика Британија и искуство на кое може да и позавидат многумина вели дека често постои погрешно сфаќање за оваа професија, во однос на тоа кои се обврските на стилистот и во што се состои неговата професионалност. Тоа сигурно не вклучува само комбинирање на трендовски парчиња облека и неколку трикови со фризура и шминка.

 

 

Според неа модата е едно од оние индустриикаде е многу тешко да се пробиете. Со цел да им помогне на младите и амбициозни стилисти, кои веќе се во модните води, па оние кои допрва почнуваат, Алекс со над 16 години искуство во модната индустрија направи една кратка листа на совети и упатства кои што треба да се знаат и поседуваат за професионално да ја извршувате вашата работа.

 

 

На почеток...

„Во секоја индустрија е тешко да се влезе и мислам дека со многу упорност и напорна работа секој ќе си обезбеди свое место. Луѓето во модната индустрија  имаат многу строг пристап кон нови таленти и членови, но постојат исклучоци. Затоа ви треба самодоверба и добар почетен концепт преку што ќе му можете да им покажете на одговорните дел од вашите способности. Модната индустрија е како големо сино небо, нуди бесконечен број на можности. Јас имав многу среќа бидејќи уште од дете знаев дека сакам да бидат стилист, па имав дебело портфолио на искуство и знаење пред дефинитивно да слетам во јатото на модни птици. Тешко е и на почеток, но како летате подалеку станува се понапорно и воопшто не е гламурозно“, вели стилистката.

 

 

Да се студира или не?

„Голем е бројот на млади кои наместо за Универзитетско образование се решаваат за посетување на интензивен курс, бидејќи тоа на некој начин брзо го стекнуваат потребното знаење. Од друга страна, пак, јас не сум голем фан на долгите курсеви, бидејќи сметам дека тоа е  губење на време. Вие треба да учите директно од професионалци. Курсевите кои јас ги посетував беа водени од врвни личности во модниот свет, така што информациите ги добивав од прва рака. За мене да учиш за стилист е исто како кога учиш за автомеханичар, мора детално да ги испитате и познавате сите сегменти за да можете да опстанете во тој свет. Без соодветна пракса немате резултати“, додава Лонгмор.

 

 

Работно искуство

„Не ги прифаќајте сите понуди кои ќе ви се најдат на патот. Мислам дека е добро да се биде претенциозен и верувам дека секоја грешка е добра поука во животот. Имав неколку шокантни работни искуства, кои во тоа време кога се случија ме дотолчија буквално, но сега од оваа перспектива гледам дека всушност ми биле повеќе како еден предности за да опстанам во овој свет. На моите студенти имам навика да им давам совети и да им раскажувам приказни кои сум ги слушнала и доживеала и тоа нив ги плаши, но во денешно време модниот систем на вредности е мошне сменет, постојат правила, насоки кои до некаде го олеснуваат процесот на работа. Значи бидете подготвени да седите пред гардеробери и плакари и да водите константна војна со закачалки и облека. Постојаната организација, нотесот, забелешките и притисокот ќе ви бидат најдобрите пријатели но и непријатели истовремено. Обидете се да му асистирате некому од 6 месеци до година дена за да влезете во штосот и да можете да се соочите со вашите слабости и предности“, раскажува Алекс.

 

 

Како да направите бренд од вашето име

„Одговорот е лесен, преку користење на социјалните мрежи, потоа со љубезно однесување и целосно и исцрпно завршување на работните задачи. Така ќе добиете признание од модниот свет. Студентите и оние кои почнуваат да се бават со оваа работа ќе видат дека всушност модниот океан и не е толку голем, бидејќи во модната индустрија секој со секого се знае. Треба да бидете свесни дека зборовите и мислењата се шират наоколу со брзина на светлината без разлика дали станува збор за пофалби или критики. Се смета за плус ако имате свој моден блог на интернет, тоа може да ви биде навистина од корист, фејсбук, инстаграм и твитер се програми кои исто така се мошне популарни и можат да ви помогнат во вашата афирмација и пробивање во модата“, признава модната стилистка.

 

 

Можни заблуди

„Многу луѓе мислат дека мојата работа е гламурозна, составена од  фотосесии, спектар на фини материјали и ткаенини, насмевки, потпетици, шминка и слично, но да ви кажам искрено не е така. Првите четири години од мојата кариера ги поминав седејќи до плакарите врзувајќи јажиња. Секој ден е различен. Се работи за микс на многу обврски истовремено и ако не се организирани како што треба станувате нервозни. Едноставно не сте типичен стилист туку многу повеќе од тоа“, вели Алекс.

 

 

Како изгледа еден работен ден на модниот стилист

„Гледајте колку можете да ги одбегнете негативните коментари од другите луѓе, шегувајте се на ваша сметка. Кога јас сум имала важни снимања се обидував мислите да си ги одвлечкам некаде далеку и си кажував на себе дека не сум јас таа која треба да изведува нешто како на пример операција на мозок или слично. Се додека јас сум сигурна во мојата работа, мислења и ставови и клиентот е среќен, друго ништо не ми било важно. И погоре нагласив, довербата е клучна во оваа работа“, децидно одговара стилистката.

 

 

Како тече стилскиот процес

„Нормално почнува со договарање со клиентот, па фотографот, шминкери, па агент, па повторно следи разговор со клиентот се до крајниот резултат публикацијата. Работата е тимска тоа е точно но најголемиот товар ви паѓа вам, бидејќи вие сте и во улога на организатор па треба да бидете во контакт со тој тим на луѓе, бидејќи еден ако згреши, тогаш целиот процес се упропастува, а тоа не смее да си го дозволите“, резимира Алекс.

 

 

Градење на вашето портфолио

„Градењето на вашето портфолио можете да го почнете со луѓе кои веќе се докажани во својата работа или да вклучите млади таленти кои допрва почнуваат. Тоа зависи од финасиите пред се, меѓутоа мој совет ви е да им дадете можност на младите бидејќи и вие сте во таа група, па полесно ќе се разбирате. На тој начин ќе имате нови контакти од луѓе кои можеби еден ден ќе владеат со модната индустрија, а вие ќе бидете првиот кои им дал таква шанса. Оние кои се веќе етаблирани чувајте ги за некои поголеми проекти, кога треба да играте на сигурна карта“, вели Лонгмор.

 

 

Знаењето е моќ

„Учењето и информирањето за модата е најважниот момент во целата работа. Креативноста е особина која многу ќе ви помогне околу тоа. Модата е како еден голем круг кој постојано кружи, и ако ја знаеш историјата на модата половина работа ти е веќе завршена“, кажа на крајот стилистката.

 

Објавено:
19 декември 2013
Категорија: 
Портфолио