Дождот денеска нè потсети дека е навистина есен. Со оглед на временските услови, ние денеска ви предлагаме една урбана, а сепак женствена комбинација.

Кошула-фустан со животински принт е вистински хит сезонава. Во случајов е искомбиниран со кожена јакна и кожени чизми до глужд со впечатлива тока.

Стајлингот е заокружен со шапка (или со оглед на тоа дека врне, чадор) и голема црна чанта, каква на секоја жена ѝ е потребна.

Ви посакуваме да имате весел ден и покрај тмурното време.

 

фото извор: Pinterest.com; 

Објавено:
7 ноември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.268 пати