Што да облечете денес?

2 март 2015

sto da oblecete

Со оглед на тоа дека е почеток на работната недела, нашиот предлог денеска ќе биде една деловна, но женствена комбинација. Се' можете да постигнете, само ако се облечете соодветно за тоа. Сив фустан до колена, што ја следи линијата на телото, во комбинација со тегет долг кардиган и тегет високи чизми ќе направат да изгледате софистицирано и со самодоверба.

Кога се модните додатоци во прашање, елегантен часовник, дискретни обетки и чанта со животински принт , во веќе споменатите бои. Без оглед на тмурното време, дотерајте се и понеделнички започнете ја успешно неделата.

Објавено:
2 март 2015
Категорија: 
Тренд