СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Четврток во кратко здолниште и бела маичка
•
21 јули 2022
Добро утро!
Денес нè очекуваат високи температури па затоа испланирајте едноставна и лесна комбинација која ќе ви ја обозможи удобноста и лежерноста која ви е потребна. Одлучете се за едноставна бела памучна маичка и искомбинирајте ја со кратко здолниште. Во овој пример, ова здолниште во сенф боја ја разбива монотонијата на комбинацијата со својот слоевит дизајн и акцент со златните синџирчиња.
За да го комплетирате изгледот, грабнете ја вашата омилена мала црна чантичка и облечете ниски гладијаторки кои во последно време се особено тренди, а се неверојатно удобни.
Имајте убав ден!