СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Четврток во сив комплет и црвени акценти

30 јуни 2022

Добро утро!

Доколку сакате да го постигнете оној совршен спој на тренди и бизнис елеганција, одлучете се за комплет од едноставни сако и пантолони во сиви тонови со мал твист во кројот кој ќе ѝ даде нишка женственост на оваа андрогена комбинација.

Во овој случај, скратеното сако и класичните панталони кои се врзуваат и ја истакнуваат половината во комбинација со бела памучна маичка со принт му даваат женственост, но и лежерност на овој изглед. Искомбинирајте ги овие парчиња со модни додатоци во јака боја, како црвената, за да внесете живост во сивилото.

Имајте убав ден!

Објавено:
30 јуни 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
635 пати