Четврток е ден за нежна путер нијанса што сосема прилега на пролетното сонце.

Предложуваме макси плисирано здолниште во оваа боја коешто го спојуваме со путер маичка на кратки ракави.

Овие пролетни денови што наликуваат на летни ни дозволуваат да носиме лесна облека и да ја комбинираме со комфорни обувки.

Денешниот стајлинг е резервиран за бели патики, а ќе го заокружиме со мала црна чанта и очила за сонце.

Ви посакуваме убав ден.

Фото: Pinterest

Објавено:
10 април 2024
Категорија: 
Стајлинг на денот