СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Четврток во сини предимензионирани панталони и мал цветен топ

4 август 2022

Добро утро!

Започнете го овој четврток со релаксирана, но елегантна комбинација во која ќе се чувствувате убаво и удобно во исто време. За да го постигнете тој ефект комбинирајте ги вашите омилени предимензионирани сини панталони со висок струк, со мал цветен топ чиј отвор кај вратот, преклопот кај градите и малите волуменозни ракавчиња му даваат романтичен и неодоливо женствен изглед.

Фото: Pinterest

Со соодветен накит и шик големи сини очила за сонце, ќе постигнете уште покул стил.

Уживајте во денот!

Објавено:
4 август 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
469 пати