Четврток во сива блузичка + фармерки
•
28 јуни 2018
Времето уште се однесува како да е есен, па доколку ги спакувавте сите парчиња на долги ракави, време е да извадите барем некое парче.
Денеска носиме фармерки во темна нијанса и ги комбинираме со секогаш омиленото сиво џемперче, овојпат со откриени рамена.
Со оглед на дождот што се чини ќе се задржи цел ден, комбинацијата надополнете ја со сиви патики и ранче во иста нијанса.
Без разлика на времето, уживајте во денот!