СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Петок во краток ленен фустан во боја на сенф со волуменозни ракави

29 јули 2022

Добро утро! Подготвени за викендот?

Во тој случај, денешниот избор на гардероба нека биде во забавен и релаксиран дух. И денес температурите се доста високи, па останете му верни на едноставното.

Овој навидум едноставен мини ленен фустан во боја на сенф со копчиња, чиј горен дел е во романтичен крој и се припива за торзото, надополнет со волуменозни ракави и долен дел кој се шири во ѕвонест облик, е доволно декоративен самиот по себе.

Фото: Pinterest

Комбинирајте го со вашите омилени бели спортски патики и уникатна елегантна црвена чанта за да постигнете баланс помеѓу лежерниот и елегантниот изглед.

Уживајте во денот!

Објавено:
29 јули 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
284 пати