Петок во нежна розова комбинација
•
3 февруари 2017
Конечно петок! Последниот ден од работната недела блеснете во супер нежна комбинација составена од едноставни фармерки со висок струк и топло розово џемперче со карнери. Стоплете се на ова студено и магловито време со оваа колоритна бунда од вештачко крзно и овие чизмички во беж нијанса. Чантата денеска е розова со златно синџирче, а шминката многу едноставна и минимална со впечатлив розов кармин. Имајте супер петок и уште поубав викенд!