Петок во сиви нијанси
•
29 декември 2023
Како за крајот на оваа работна недела, последна за годинава што си оди, одбравме сиви нијанси.
И оваа боја заедно со црвената се најде на листата тренди бои за сезонава, па затоа денес одиме со сив капут и сива полуролка .
Овие две парчиња ги спојуваме со темно сиви панталони со раб и црни класични чизми над глужд.
Заокружуваме со црна чанта и ви посакуваме убав празничен викенд.
Фото: Pinterest