СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Петок во совршен спој на елеганција и лежерност

24 јуни 2022

Добро утро!

За овој врнежлив петок одбравме комбинација во која ќе се чувствувате одлично дури и кога времето не нѝ пречекува со најдобро расположение. Овој совршен спој на елеганција и лежерност вклучува едноставна бела маичка спарена со црно-бел кардиган со класичен краток крој и широки пантолони од светол цинс.

Комбинирајте ги со елегантни бели влечки на високи потпетици, едноставна црна чанта и црни очила за сонце за да го комплетирате изгледот и уживајте во денот!

Објавено:
24 јуни 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
637 пати