Понеделник на контрасти
•
11 септември 2017
Оваа работна недела ја започнуваме со една весела и впечатлива комбинација. За денеска нашата предлог-комбинација се состои од портокалов фустан што ја следи линијата на телото и е со долги ракави.
Го комбинираме со колор блок сандали со виолетова боја, на дебела потпетица, како и чанта во истите нијанси.
На крајот додаваме очила на сонце во неутрална нијанса и смел портокалов кармин.
Работната недела може да почне! :)