Првиот ден од неделата не секогаш значи дека мора да биде тежок. Уживајте во прекрасното сонце во кое конечно имаме можност да уживаме после долг период дожд. По тој повод, денеска носиме црни тесни панталони и ги комбинираме со оваа романтична кошулка од црна тантела. Чевлите се рамни и супер удобни, а чантата супер модерна и со реси кои и оваа сезона се едни од најпосакуваните. Што се однесува до модните додатоци, очилата за сонце, сребрениот часовник и сребрените обетки се нешто што денеска дополнително ќе ви ја украси комбинацијата.

Уживајте во сончевиот понеделник! 

Објавено:
29 мај 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
542 пати