Првиот ден од работната недела и ден пред слободниот, блеснете во полн сјај во овој фантастичен фустан со неодоливи цветни везови во црвена нијанса по површината. Истиот денеска ќе ве направи супер стилска, а сите останати додатоци само ќе ви помогнат да бидете дополнително тренди. Комбинирајте го со лесни сандали со врвки, шик црна чанта, задолжителни очила за сонце и choker ланче како едно од најпосакуваните сезонава. Црвениот кармин денеска е must have, а секако и доброто расположение и ведриот дух.

Уживајте во неделата што доаѓа!

Објавено:
1 август 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
490 пати