Понеделник во кафени и бордо тонови
•
20 ноември 2017
Новата работа недела ја започнуваме со студено време и топла комбинација. Нашиот предлог овој пат се карирани панталони во кафени нијанси, кои ги комбинираме со плетено бело боди со V-израз.
За да не изгледа неприкладно, а и да ви биде потопло, можете да додадете марама или маичка.
На тоа додаваме капут исто така во кафени нијанси, со крзена јака.
Комбинацијата ја комплетираме со бордо чизми до глужд и чанта во истите нијанси.
Ви посакуваме успешен понеделник!