Понеделник во нежни пастелни нијанси
•
28 ноември 2016
Првиот ден од работната недела веруваме дека е за сите подеднакво тежок. Разиграјте го со овие весели и нежни пастелни бои кои се совршени за ова облачно време. Комбинирајте го ова слатко и топло џемперче со овие едноставни црни фармерки и ова женствено и супер елегантно капутче. Чизмите што ги носиме денеска се до над глуждовите украсени со ѕвезди во неколку бои. Чантата е црна, а карминот во неодолива и впечатлива боја.