Понеделник во тексасно здолниште и долг капут
•
9 декември 2019
Добро утро. Веруваме дека повеќето од вас денеска одмараат и ќе го искористат денот на најдобар можен начин.
Нашиот предлог е една лежерна комбинација, која може да биде супер избор за шопинг или за кафе со пријателите, партнерот...
Составена е од мини тексасно здолниште и топол џемпер со ролка. Чизми до глужд се изборот на обувки, а комбинацијата е заокружена со долг кариран капут. Ранче и капа можат да бидат модните додатоци со кои ќе го збогатите стајлингот.
Ви посакуваме убав ден!